7 најчести причини за кавга во врската: Фејсбук, хигиена, храна…

Различно мислење за хигиената, различни навики во исхраната и кавги околу објавувањата на Фејсбук, се скриените проблеми кои предизвикуваат проблеми во голема количина во една врска.Причина бр.1
Различни потреби- Вие сте ѕвезда на секоја забава, но вашиот партнер најмногу време сака да поминува пред ТВ. Сето тоа може да ве доведе до проблем бидејќи не делите исти интереси. Најдоброто решение е компромис.Дајте му простор да се дружи на партнерот,а вие уживајте во слободата.
Причина бр.2
Различно гледање на хигиената- Поделбата на куќните работи на прв поглед изгледа совршено, но проблемот е обично во различно гледање на овој поим на хигиена.
Затоа пред да започнете со поделба на работите разговарајте и дефинирајте што точно очекувате за да не бидете разочарани.
Причина бр.3
Различни навики во исхраната- Уживањето во заедничкиот ручек ја гради добрата врска и е одличен за опуштање после тешкиот напорен ден.
Меѓутоа може да дојде до проблем доколку партнерите не ги делат истите навики во исхраната. Така вегетаријанецот мисли дека партнерот кој јаде месо не ги дели истите морални вредности како и тој, а оние кои јадат месо веруваат дека вегетаријанците го ограничуваат неговиот вегетаријански апетит. Така, во ваквата ситуација мора да се постават некои граници.

Причина бр. 4
Утрински тип vs. Ноќна птица- Заминувањето на спиење во различно време е крив за многубројни кавги. Ноќните птици сакаат долго да останат будни, но затоа спијат долго и можат да им ги пореметат плановите на утринските типови кои се подготвени за чистење, излет и кафе. Сето тоа може да се реши со привикнување на распоредот на одење во кревет. Гледајте да си угодите еден на друг.
Причина бр.5
Што споделувате на Фејсбук а што не?- Социјалните мрежи можат еднакво да влијаат на неслогата исто како и домашните работи. Едниот партнер може да биде тип кој ќе споделува се на интернет, додека другиот тип кој ќе ја цени својата приватност. Во ваквиот случај заедничкиот профил не е добра идеја.
Причина бр 6.
Финансии-  Непишано правило е мажот да ја плати сметката на првиот состанок, но тоа не треба да се искористи. Во врската работите се менуваат и се очекува паровите да ги делат трошоците во согласност со нивните можности.
Причина бр. 7
Недостаток на секс- Недостатокот на секс најчесто ги сокрива подлабоките проблеми. Припадниците на понежниот пол бараат интимност на сите подрачја во животот, што во превод значи – ако не го добијат нивното либидо паѓа. Едноставно не сакаат секс ако пати целата врска. Поради тоа треба да се поработи на сите аспекти на врската за да може нормално да се функционира во неа.Причина бр.1
Различни потреби- Вие сте ѕвезда на секоја забава, но вашиот партнер најмногу време сака да

Пронајдете не на следниве мрежи: