7 одлични причини за почесто да јадете СУВО ГРОЗЈЕ – Го подобрува сексуалното здравје, спречува рак…

Сувото грозје е веројатно најшироко користеното суво овошје во светот. Не само што е вкусно, тоа е одлично и за подготовка на колачи и слатки и е многу здраво.Оваа намирница е посебно добра за оние кои патат од запек, грозница, анемија…Помага да се добијат килограми, ако тоа е потребно, добро е за очи, заби и здравје на коските.
Содржи многу хранливи материи и минерали кои нудат олеснување при многу физички проблеми, вклучително и гастроинатестинални тегоби, артритис, камен во бубрег, болести на срцето и слично.
Го подобрува сексуалното здравје
Секојдневното консумирање на суво грозје го зголемува сексуалниот нагон. Ја содржи аминокиселината аргинин која помага во подигање на либидото, а со самото тоа и подобрување на сексуалниот живот.
Спречува рак
Сувото грозје нуди заштита од рак на дебелото црево, бидејќи содржи полифенолни антиоксиданси наречени катехини. Тие го штитат организмот од ширење на слободните радикали кои се одговорни за раст на туморите.
Дознајте како може да го исчистите ЦРНИОТ ДРОБ со помош на СУВО ГРОЗЈЕ – На следниот ЛИНК
Ја подобрува дигестијата
Сувото грозје е многу богато со влакна и поради тоа помага во „чистењето“ на дигестивниот тракт. Ги чисти токсините и други видови отровни материи од гастроинтестиналниот тракт и го одржува здравјето на цревата.
Го подобрува здравјето на коските и забите
Сувото грозје помага во јакнење на забите и коските, бидејќи содржи калциум во големи количества. Содржи и бор кој помага во апсорпцијата на калциумот и создавање на коскена маса, што е исклучително корисно за превенција на коскени заболувања, како што е остеопорозата, особено кај жени во пост­менопауза.

 

Снабдува со енергија
Сувото грозје е одличен извор на енергија и многу е корисен за спортисти. Исто така, може да им помогне и на оние кои сакаат да се здебелат. Сувото грозје содржи шеќери, како што се фруктоза и глукоза и даваат голема енергија.
Направете си домашен вкусен лек за јакнење на имунитетот – Прочитајте ТУКА
Го подобрува имунитетот
Сувото грозје помага во апсорпцијата на различни хранливи материи во организмот, вклучително и витамини и протеини. На тој начин, во суштина, го подобрува општото здравје и имунитет на органзимот.
Го чува видот
Сувото грозје е богато со полифенол, а овие фитонутриенти се добри за видот. Тие билни хемикалии ги заштитуваат очите од појава на жолти дамки како и од катаракта.
СО САМО 1 ЗРНО СУВО ГРОЗЈЕ одредете дали вашето дете е интелигентно – Повеќе за тоа на следниот ЛИНКОваа намирница е посебно добра за оние кои патат од запек, грозница, анемија…Помага да се добијат килограми, ако тоа е потребно, добро е за очи,

Пронајдете не на следниве мрежи: