7 прашања кои треба да си ги поставите пред да донесете важна одлука во животот

Постојат одредени прашања треба да си ги поставите при донесувањето на тешка одлука и да дознаете дали вашиот расудување е добро. 1. Ако не го направам тоа сега, дали ќе жалам?
Потребно е да ги разгледаме импликациите кои ќе ги имаме во иднина доколку нешто не направиме, а исто така и доколку направиме. Кога правите избор, запрашајте се што губите или што добивате на долг рок.
2. Од што се плашам?
Често кога во животот носиме важни одлуки ние се плашиме од наш неуспех или пак успех, но за тоа некогаш и не сме свесни. Стравот може да ни го попречи правилното носење на одлуката, па затоа многу е важно да откриеме од што точно се плашиме.
3. Што вели моето срце?
Вашиот внатрешен инстинкт често пати е во право, затоа никогаш не смее да се донесе одлука која е целосно спротивна со вашата длабока внатрешност. И покрај сите ваши размислувања и совети од другите, сепак не ја занемарувајте вашата искрена желба која зборува во вас.

4. Зошто всушност ова го правам?
Многу  важно да ја одредите точната цел кон која сакате ќе се стремите. Штом вие во мозокот ја имате крајната цел, тогаш сте еден чекор поблиску до нејзино остварување.
5. За кого всушност го правам ова?
Не дозволувајте туѓите агенди да влијаат на вашите одлуки. При донесување на одлуките многу е важно да ги следите само вашите интереси, но не треба секогаш да се жртвувате само за вашите интереси. Имајте балансиран поглед на тоа кој добива, а кој губи од важните одлуки кои треба да ги донесете во вашиот живот.
6. Како јас ќе се чувствувам после важната одлука?
Во живото можете да донесете важна одлука која по одредено време или веднаш ќе ве направи да се чувствувате неудобно. Кога носите важна одлука во живото размислете како ќе се чувствувате после направениот избор.
7. Дали можам да се справам со поразот?
Изборот е како динамо. Кога ќе реализирате една одлука таа го отвора патот за други ситуации со кои ќе треба да се справите. Ваквите непредвидливи ситуации може да имаат различни последици. Добро преиспитајте се дали можете да се носите со последиците од ситуациите кои ви престојат после одлуката и од евентуалниот пад. 1. Ако не го направам тоа сега, дали ќе жалам?
Потребно е да ги разгледаме импликациите кои ќе ги имаме во иднина доколку нешто не направим

Пронајдете не на следниве мрежи: