Пацини си оди од Милан?

По неколку поминати месеци откако во склопот на размената со Касано стигна во Милан, Пацини сега би можел да ги напушти редовите на овој тим.

Како што пренесуваат медиумите во Италија, 28-годишниот напаѓач на екипата на Милан во јануари би можел да си замине од Милан.

Фудбалерот кој во Милан се пресели од Интер пред стартот на сезоната, до сега одигра 15 натпревари и постигна 4 голови.

Пацини не успеа да се избори за важна улога во тимот на Масимилијано Алегри, па така италијанските медиуми веќе шпекулираат дека наскоро, т.е. уште во јануари би можел да си замине од клубот.

Интересирање за овој напаѓач веќе прикажаа екипите на Парма и Сампдорија.

 

ПУЛС24 СПОРТ

( Имате информација, вест што сакате да ја објавиме? Контактирајте не! www.facebook.com/puls.sport.10 )

 

Фото: Како хрватот Карловиќ му честиташе на Џоковиќ

 

 

 

 

Шокантно: Меси му удрил „шлаканица“ на Виља?!

 

 

 

 

Пачовски одбрани пенал, Јаховиќ со одлично деби, прв гол за Тасевски, Блажевски се наметнува, Ибра во „СВОЈ СТИЛ“… СЛОВЕНИЈА ПАДНА!!!

 

 

 

 

Федерер: Наскоро нема да има разлика меѓу терените на трева и земја

 

 

 

 

 

 

Лавеци играл ПЕС со мафијашите

Пронајдете не на следниве мрежи: