Берлускони: Сеуште имам доверба во Алегри

И покрај лошите резултати во првенството оваа сезона, тренерот на Милан, Масимилијано Алегри и понатаму ужива доверба во претседателот на клубот.

Берлускони му даде поддршка на тренерот на својот клуб и најави дека клубот не сака да отпушта тренер до средината на сезоната.

И покрај тоа што Милан го има еден од најлошите стартови во италијанската Серија А лига, Алегри ужива поддршка кај Берлускони, Милан продолжува со разочарувачките игри.

Во минатото коло на својот стадион изгуби од Фиорентина, моментално се наоѓа на 13-тото место на табелата со само 14 освоени бодови од 12 натпревари.

„Алегри е сеуште тука, тоа значи дека имам доверба во него. Клубот се наоѓа во премногу тешка ситуација, но нема да заборавиме што се направи Алегри со оваа екипа“ изјави Берлускони.

 

ПУЛС24 СПОРТ

( Имате информација, вест што сакате да ја објавиме? Контактирајте не! www.facebook.com/puls.sport.10 )

 

Фудбалерот на Арсенал Сеад Хајровиќ во интервју за „Пулс24“: Сеуште имам време да размислам за Македонија!!!

 

 

 

 

 

 

 

Борко Ѓорѓиев за „Пулс24“: Сеуште никој не ме повикал да играм за Македонија

 

 

 

Фото: Тоа не е чудо, тоа е новиот миленик на македонската публика… АГИМ ИБРАИМИ!!!

Пронајдете не на следниве мрежи: