Qatar Airways ќе се рекламира на дресовите на Барселона

Каталонскиот фудбалски гигант на дресовите од наредната сезона ќе има нов спонзор Qatar Airways, која за трогодишен договор плати 170 милиони евра.

Катарската авиокомпанија ќе го замени досегашното лого на Qatar Foundation, кој веќе две години е најголем спонзор на Барселона, со цел промовирање на Светското првенство што 2022 година ќе се одржи во Катар.
Барса до пред две години беше единствениот професионален клуб на светот без комерцијален напис на дресот, а имаше лого на Уницеф, хуманитарна организација на Обединетите нации, за што Каталонците дури плаќаа 1,5 милиони евра по сезона.

Пронајдете не на следниве мрежи: