Животот на Милан Поповиќ оди во надолна линија

Loading...

Српскиот бизнисмен, познатиот крал на бакарот, Милан Поповиќ, за пошироката јавност на Балканот е познат по тоа што беше петтиот по ред свршеник на Северина, со која имаше и дете. Како што веќе знаеме, тие ја завршија романсата само неколку месеци по породувањето на Северина. Александар, нивниот син, се роди во фебруари, а Милан последен пат го виде во август годинава.

Околу тоа зошто заврши врската помеѓу Милан и Северина се крена многу прашина но и прашања. Најбучни беа гласините околу тоа дека Милан ја изневерувал Северина со српската глумица Марија Каран уште на дочекот на 2012 година, додека Северина лежеше во болница. Други велеа дека на Севе и се здосадило од Милан, и дека го изневерувала со момчето на колешката Ана Бебиќ, а трети пак дека Милан бил напорен човек кој постојано бил опседнат со изгледот и однесувањето на својата свршеница. Како и да е, Милан последен пат го виде својот наследник ова лето, кога ја раскинуваше веридбата со Северина. Тој не ни присуствуваше на неговата крштевка, а како што дознаваат хрватските медиуми, Милан јасно и гласно изјавил дека не сака неговиот син да биде експониран во јавноста. Веројатно Северина останала глува на овие желби на Милан, па минатата недела промовираше модна линија за деца заедно со својот син.

Очигледно работите во животот на српскиот бизнисмен не се одвиваат онака како што тој посакува. Извори блиски на Милан неодамна испуштија информации во јавноста дека во последниве месеци Милан раскинал два договори во Лондон, како и дека ја прекинал соработката со извесна германска компанија. Неговите пријатели често го слушаат како му недостасува синот, а неговата кратка афера и “нова девојка” – Марија Каран, ги отфрли информациите дека се заедно.

Тој пред една година отвори кафуле во Белград под името Moda S – каде S означуваше Severina. Сега, името на кафулето е Moda Star, и таму се почесто може да се види Милан. Тој или е на неговата вообичаена маса со своите пријатели, или пие сам на шанкот.

Додека ова се случува во Белград, Северина на големо се забавува низ Загреб, блеснувајќи во прекрасни креации на модни настани, лудувајќи по дискотеките или снимајќи реклами со својот мал принц.

 

Поврзани статии:

“Срцето ми застанува кога ќе се сетам на Северина” – вели Аднан

 

 

 

Северина блесна на насловни страни во 6 земји од поранешна Југославија

 

 

 

 

 

Северина нема да добие ни денар

 

loading...
Loading...