Пензионер од Полска одбрал авантуристички да го помине одморот во Охрид и згрешил — возејќи четирицикл на неасфалтиран пат кај селото Куратица, паднал и завршил во болница со тешки повреди, соопшти МВР.
„На 06.09.2026 во 16:05 часот, во СВР Охрид е пријавено дека М.Л.Ц.(72) од Полска, управувајќи четирицикл на земјен некатегоризиран пат во близина на охридското село Куратица, изгубил контрола и паднал. Тој, со возило на Итната медицинска помош бил пренесен во Општата болница во Охрид, каде му биле констатирани тешки телесни повреди“, пишува во полицискиот билтен.



