Севиља го декласира Бетис

Екипата на Севиља, му нанесе тежок пораз на Бетис, во градското дерби, кое се одигра во рамките на 12-то коло, во Примера.

На стадионот ’Санчез Писхуан’, Севиља победи со 5:1, домаќинот, дојде до водство по само 11 секунди игра кога мрежата на Бетис ја погоди Рејес. Домаќините во петтата минута го дуплираа водството со голот на Фазио. До крајот на полувремето Севиља постигна уште два гола и повторно стрелци беа Рејес и Фазио.
Рубен Перез во 62-та минута го постигна единствениот гол за Бетис, додека конечниот резултат, во самиот финиш го постави Ракитиќ.

Бетис го забележа вториот пораз по ред, но остана на шестата позиција на табелата со 19 бодови, Севиља со бод помалку од градскиот ривал се наоѓа на седмото место.

Резултати:

Ла Коруња-Леванте 0:2

Селта-Мајорка 1:1

Хетафе-Ваљадолид 2.1

Гранада-Атлетико Мадрид 0:1

Севиља-Бетис 5:1

Осасуна-Малага 0:0

Валенсија-Еспањол 2:1

Барселона-Сарагоса 3.1

Реал Мадрид-Атлетик Билбао 5:1
Дванаесеттото коло во Примера ќе бо де комплетирано во понеделник навечер, кога својот натпревар ќе го одиграат Реал Сосиедад и Рајо Ваљекано.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: