Ријана си заработи казна од 200.000 фунти

Откако ја започна нејзината “777” турнеја, Ријана на неколку наврати е повеќе пати казнета заради доцнењето на нејзиниот приватен авион, пришто нејзиното неорганизирано и недолично однесување и донесе загуба од 200.000 фунти.

Имено како дополнителни причини се наведуваат и доцнењето на секој од нејзините закажани концерти, инсистирањето и приредувањето на скапи забави по секој нејзин концерт во секој од седумте градови во кои моментално ќе гостува, како и непридржувањето кон закажаниот распоред за полетување и слетување на нејзиниот авион.

“Ова е нејзин начин на изразување на незадоволството што секоја минута од нејзиниот живот е испланирана. Но, од друга страна тоа го излудува нејзиниот тим кој води ноќни панични разговори на аеродромите, кои имаат точен и утврден лет на полетување и слетување”, изјавува извор близок до ѕвездата.

Летот на Ријана од Мексико кон Торонто доцнел цели четири часа, додека три часа доцнел летот и полетувањето од Стокхолм, каде притоа на сцената Ријана се појави со два часа задоцнување, додека по зршувањето   на концертот во Париз, Ријана не пропушти да ужива во својата приватна забава до раните утрински часови.

Пронајдете не на следниве мрежи: