Сампдорија го доби градското дерби

Екипата на Сампдорија ја совлада Џенова во градското дерби со што ја прекина серијата од седум последователни порази, а ја забележа првата победа по пауза од девет средби.

Џенова ја продолжи низата од порази, оваа екипа го загуби и шестиот последовен натпревар и се наоѓа на последното место на табелата.
Поли и Бово со автогол и’ донесоа сигурна предност на Сампдорија на полувремето која во вториот дел ја намали Имобиле, а конечните Сампдорија – Џенова 3:1 ги постави Икарди во 88-та минута од натпреварот.
Ова коло во Серија А донесе уште една тренерска оставка, откако предводникот на Пескара, Џовани Стропа, по поразот во Сиена реши да ја напушти функцијата.
Тринаесеттото коло во Серија А ќе се комплетира во понеделник навечер со натпреварот помеѓу Рома и Торино.

Резултати:

Болоња-Палермо 3:0

Катанија-Киево 2:1

Фиорентина-Аталанта 4:1

Интер-Каљари 2:2

Сиена-Пескара 1:0

Удинезе-Парма 2:2

Сампдорија-Џенова 3:1

Јувентус-Лацио 0:0

Наполи-Милан 2:2.

макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: