HTC нема да го остави Android

По договорот за патентите со Apple, официјалните лица на HTC изјавија дека нивната поврзаност со оперативниот систем на Google, Android, нема да прекине. 

Двете компании потпишаа договор во траење од 10 години кои ги покриваат сите досегашни и идни патенти. Аналитичарот од Wall Street, Shaw Wu вели дека договорот може да резултира со 280 милиони долари годишно за Apple, односно 6-8 долари од секој продаден уред на HTC. Некои шпекулираа дека поради ова, HTC ќе го напушти Android и започне да го применува новиот оперативен систем на Microsoft, Windows Phone. 

“Нашата цел е да станеме водечки во Android оперативните системи, како и да станеме водечки во Microsoft оперативните системи.”

Претставниците на HTC изјавија дека во поглед на двете актуелни полиња во софтверската технологија во моментов, излегувањето на Windows 8 и Windows Phone 8, тие сметаат дека го имаат водечкиот мобилен уред со новиот оперативен систем за мобилни телефони на Microsoft. 

 

Пронајдете не на следниве мрежи: