Кога сопствениците немаат срце да ги фрлат своите стари плишани мечиња

Ирскиот фотограф  Mark Nixon е авторот на проектот наречен “Much Loved” кој е една цела серија на фотографии на стари плишани играчки, чии сопственици едноставно немаат срце за да би се решиле од нив, притоа фрлајќи ги.

Играчки со закрпени дупки и едно око кои јасно покажуваат дека некогаш некој одамна си играл со нив, или му правеле друшто на некое детенце кога му било најпотребно. Може сепак некои луѓе би гледале со одбивност кон нив, но вистинските сопственици и покрај се си ги сакаат нивните плишани мечиња, зајчиња, кученца.

Познатиот фотограф својата колекција од фотографии на мечиња ја има објавено на својот сајт, а наскоро планира и организирање на изложба во Даблин.

 

Пронајдете не на следниве мрежи: