Snoop Dogg купува акции во Celtic

Еден од најпознатите рапери во светот, Snoop Dogg, кој во моментов го носи името Snoop Lion, сака да инвестира во шкотскиот фудбалски шампион Celtic. 

Историската победа на Шкотите над Barcelona во Лигата на Шампионите очигледно силно делувала на музичките ѕвезди: Rod Stewart заплака, а Snoop Dogg посегнува по својот паричник за да инвестира во култниот клуб, со чиј дрес се фотографирал уште во 2005 година. 

“Голем фан сум на фудбалот. Не е новост дека hip-hop ѕвездите сакаат да вложуваат во спортските клубови, но новост е дека тие следат фудбал. Не го гледав целиот натпревар против Barca, но ги видов најинтересните моменти. Знам колку е голема Barcelona, а сега и Celtic ја покажа својата големина. Видов и колку се тие навивачи страствени. Заинтересиран сум за вложување во клубот, ако некој сака да го продаде својот удел во акциите. Не сум размислувал колку пари би вложил. Амбицијата не ми е да го водам клубот, но би сакал да имам доволен број на акции за да мојот глас биде важен. Сакам да внесам малку од мојот 'зачин' во клубот.”

Snoop Dogg се советувал со својот пријател David Beckham, а англискиот фудбалер исто така му советувал дека идејата да се вложи во клуб како Celtic e одлична. 

На Snoop после 6 години конечно му беше симната забраната за влез во Велика Британија, откако во 2006 година беше протеран затоа што предизвикал големи инциденти на лондонскиот аеродром Heathrow. 

Пронајдете не на следниве мрежи: