El Shaarawy поефективен од Ibrahimovic

Италијанскиот весник La Gazzetta Dello Sport денес потенцираше колку младиот Stephan El Shaarawy е поефективен во дресот на AC Milan во споредба со Zlatan Ibrahimovic по истиот број на одиграни натпревари во црвено-црниот дрес минатата сезона. 

Дваесетгодишниот El Shaarawy веќе има 10 голови во првите 13 натпревари оваа сезона, по неговите 2 гола против Napoli во последното коло. 

La Gazzetta нагласи дека Ibra, чиј летен трансфер во PSG му овозможи на младиот El Shaarawy редовно место во првиот тим, никогаш не бил толку ефективен пред противничкиот гол во дресот на AC Milan. 

Во сезоната 2010/2011, поранешниот играч на Juventus, Inter и Barcelona имаше 7 гола по првите 13 натпревари. Една сезона подоцна, тој број се искачи на 8, но никогаш не ја достигна моменталната ефективност на новата ѕвезда на Rossoneri-те. 

Пронајдете не на следниве мрежи: