Jose Mourinho – 100 натпревари во Лигата на Шампионите

Дуелот на Real Madrid против Manchester City во Лигата на Шампионите има посебно значење за шефот на стручниот штаб на Los Blancos, Jose Mourinho.

Натпреварот кој ќе се одигра на Etihad стадионот е 100-тиот меч на Португалецот во ова натпреварување. Тој е 5-тиот тренер во историјата кој го постигнал ова, а воедно е и најмлад во таа конкуренција. 

Mourinho го надмина сегашниот тренер на PSG, Carlo Ancelotti, кој имаше 51 година кога го достигна бројот 100 во натпревари во најелитното натпреварување за европските клубови. 

Четириесетидеветгодишниот Mourinho го имаше своето деби во Лигата на Шампионите со Porto, токму против Real Madrid на Santiago Bernabeu, а од тогаш има тренирано уште 3 клубови – Chelsea, Inter и кралскиот клуб. 

Статистиката вели дека Mourinho има 54 победи, 25 нерешени резултати и 20 порази, при што неговите тимови постигнале 166 голови, а примиле 85. Најуспешните денови во овој поглед ги има со Real Madrid, со кој има 20 победи, 3 порази и 70 постигнати голови. 

Пронајдете не на следниве мрежи: