Чаби Алонсо се враќа во Ливерпул?

Според пишувањата на англиски „Мирор“, Чаби Алонсо наскоро би можел повторно да заигра за Ливерпул.

Чаби Алонсо пред две сезони во летниот преоден трансфер-период премина во тимот на Реал Мадрид од англискиот премиерлигаш Ливерпул, а сега се вели дека тој би можел да се врати во англискиот фудбалски шампионат, повторно во редовите на Ливерпул.

Во неодамна спроведената анкета меѓу навивачите на Ливерпул, шпанскиот играч од средниот редн е означен како најголема желба кога се во прашање евентуалните засилувања за тимот на Ливерпул, а уште повеќе се поврзува Алонсо со Ливерпул со оглед на фактот што неодамна капитенот на овој тим, Стивен Џерард изјави дека Чаби Алонсо е играчот со кого најдобро се согласува на теренот.

Пронајдете не на следниве мрежи: