Анри уште еднаш покажа и докажа дека е вистински „Топџија“, французинот го бодреше Арсенал на мечот со Тотенхем бурно прославувајќи го секој погодок на својот поранешен клуб.
Арсенал го совлада Тотенхем во мошне возбудлив и интересен натпревар со резултат 5-2.
Тиери Анри, поранешниот напаѓач на екипата на Арсенал, беше презадоволен од играта на Арсенал, а секој гол со воодушевување го прослави.
Анри на овој натпревар беше заедно во друштво со Сол Кембел, со кого беа во славните сезони на Арсенал под водство на Арсен Венгер.