Видео: На Тевез „око не му трепна“ за поршето

Карлос Тевез не се потресе премногу за тоа што полицијата му го заплени поршето вредно 100 000 евра, напротив, беше творец на победата на Манчестер Сити над Астон Вила со резултат 5-0.

Имено, англиската полиција во четвртокот соопшти дека запленила Порше Панамера во рутинска контрола во непосредна близина на аеродромот во Манчестер.

Станува збор за автомобилот на играчот на Манчестер Сити, Карлос Тевез, кој истиот проблем го имаше и пред три години додека играше за екипата на Манчестер Јунајтед, причина за сево ова е непотполна британска возачка дозвола.

На натпреварот со Астон Вила на домашен терен, Карлос Тевез беше стрелец на два од вкупно петте голови за тимот на Манчестер Сити во убедливата победа од 5-0.

Пронајдете не на следниве мрежи: