Зошто СДСМ дозволува Ѓунер да ги држи во опозиција?

Ова е легитимно прашање за СДСМ по изјавите на Ѓунер дека ќе ги минира и топи спомениците и триумфалната порта!

Господинот Ѓунер отиде чекор понатака и изјави дека на форумите на најголемата опозициска партија се дискутирало многу поенергично и пожестоко. А он всушност преблаго се произнесувал на темава. Со тоа Исмаил се вброи во редот на истакнати функционери на СДСМ кои едвај чекаат да се доберат до власт за да РУШАТ!

Ние се си мислиме дека власта треба да се освојува за да се ГРАДИ и да се подобрува квалитетот на животот на граѓаните. А не обратно. Очигледно полека, полека се отвора пред нас една нова агенда, едно ново размислување кое ќе им биде претставено на граѓаните. Ќе се бара доверба за да се РУШИ!

Има само еден проблем со тоа. Овој народ не е баш склон да поддржува РУШЕЊЕ. Сите што не освојувале рушеле, растурале, газеле и палеле. Ретко кој градел. Не градеше многу многу ни СДСМ. Се сеќавате вие на нешто капитално од десетте години и нешто повеќе власт на Црвенковски? Тешко ви оди сигурен сум.

Додека пак во периодот после 2006 година или периодот на владеење на ВМРО има десетици капитални проекти кои го менуваат ликот на Македонија но и внатрешната состојба на мизерност и себе обезвреднување на многу многу подобро. Граѓаните со задоволство го пречекаат Александар на плоштадот. И со задоволство го гледаат менувањето на ликот на главниот град… Да не зборуваме за реформите кои од темел ги менуваат навиките на државната администрација која за прв пат сега станува сервис на граѓаните. И тоа ли е проблемот? Треба ли да се вратиме на старо да чекаме по една година и повеќе во катастар за имотен лист? Треба ли регистрација на фирма да трае 90 дена и да дадете еден тон пари за тоа? Треба ли нашите деца да идат во нереновирани градинки? Итн… Тоа се се детали за некоја друга анализа.

Сега сакавме да проанализираме како тоа Ѓунер ќе руши и минира и дали е тоа можно. Да му порачам дека се излажал во проценките. Народот ќе ги брани спомениците. Тие се негови и спомениците го претставуваат народот наш, односно нашите првенци. Од Александар па се до гемиџиите, Карев, незнаените јунаци и основачите на ВМРО… Како тоа мисли да го изведе Ѓунер? Ќе ја освои власта па ќе ја наврти полицијата против народот што ќе ги брани? Он и Фрчко ќе идат со француски клучеви први, напред?

Мизерно. И контрапродуктивно. Наше мислење е дека ова ги истенчува шансите на СДСМ за добар резултат на претстојните избори.

А потоа се ќе остане само во сфера на фантазиите на господинот Ѓунер. Не ќе е лошо да си го смири бесот. Оти има богато досие на активности кои не му се баш општествено прифатливи.

ЛЕОНАРДО.

Пронајдете не на следниве мрежи: