Вардар се засилува со црногорецот Марковиќ

Најдобриот стрелец во СЕХА лигата, црногорецот Игор Марковиќ според неофицијалните информации кои ги пренесува „Дневник“ можно е да премине во тимот на Вардар.

Марковиќ игра на позицијата десно крило, а во екипата на Вардар во моментов на таа позиција играат Добривоје Марковиќ и Гоце Ојлески.

Вујовиќ има несогласувања со Марковиќ, па се шпекулира дека наводно овој ракометар ќе биде заменет.

„Таа опција постои. Марковиќ не се залага доволно и има непрофесионален однос кон тренинзите. Не е дека е лош играч, но таквата недисциплина е лоша за екипата. Затоа и разговаравме со Игор Марковиќ од Ловќен. Тоа позитивно влијаеше на Добривоје кој одигра добро со Нексе и со Металург. Но, ако не се промени нешто можно е да има промени“ изјави Веселин Вујовиќ за „Дневник“.

Извор/Изјава: „Дневник“

Пронајдете не на следниве мрежи: