ФИФА ги објави номинациите за голман на годината

Светската фудбалска федерација, ФИФА, го објави скратениот список со имињата на петмината голмани, кои влегуваат во потесниот избор за тимот на годината.

На списокот на ФИФА се наоѓаат Икер Касиљас од Реал Мадрид, кој во последните четири години го освојува ова признание, потоа голманот на Челзи Петр Чех, Мануел Ноер чуварот на мрежата на Баерн Минхен, легендарниот Џиџи Буфон од Јувентус и голманот на Манчестер Сити Џо Харт.
Касиљас со Реал ја освои титулата во домашното првенство, а со репрезентацијата на Шпанија ја одбрани европската титула, Чех ги освои трофејите во Лигата на шампиони и ФА купот, Харт и Буфон со своите тимови ги освоија националните првенства, додека Ноер со Баерн играше во финалето во ЛШ.
Победникот ќе биде објавен на церемонијата кога ќе биде доделена наградата ‘Златна топка’.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: