Лесна победа на Реал Сосиедад

Реал Сосиедад на „Аноета“ забележа победа од 4:0 над Рајо Ваљекано, во последниот натпревар од 12-то коло во фудбалското првенство на Шпанија.

Екипата од Сан Себастијан до победата стигна со головите на Карлос Вела (31’ и 33’), Микел Гонзалес (61’) и Кастро (77’).
Со петтата победа во сезоната Реал Сосиедад се искачи на деветото место на првенствената табела со 16 бодови колку што има и Рајо Ваљекано кој се наоѓа две позиции подолу на табелата.

Лидер во Шпанија е Барселона, која по 12 кола нема пораз, Барса има 34 бодови, три повеќе од Атлетико Мадрид, додека со 26 бодови на третото место е Реал Мадрид.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: