Компанија за видео игри ја тужи Beyonce за 100 милиони долари

Loading...

Beyonce ќе мора да даде една од своите одлични изведби – овој пат на суд – ако сака да се ослободи од тужба вредна 100 милиони долари од компанијата за видео игри Gate Five. 

Gate Five велат дека Beyonce прекршила договор за лиценцирање во 2010 година, со кој се обврзала да учествува во развојот на видео-играта “Starpower: Beyonce”, што резултирало со губење на профит на компанијата, како и намалување на нејзиниот капацитет за 70 работни места. 

Апелационен суд во New York минатата недела ја поддржа судиската одлука од минатиот декември дека случајот треба да продолжи во повисоките инстанци. Beyonce во својата жалба тврди дека имала право да го анулира договорот со Gate Five со аргумент дека компанијата не посветила доволно финансиски средства на проектот. 

Во договорот постои клаузула за раскинување кој вели дека доколку не бидат обезбедени одредени средства, Beyonce смее да ја раскине соработката. Gate Five наведува дека веќе инвестирала 6.7 милиони долари во играта, и дека имале обезбедено дополнителни 19.2 милиони долари кога Beyonce се обидела да започне преговори за раскинување на соработката. 

Hollywood Reporter објави дека одбивањето на жалбата на Beyonce не значи било каква вина за пејачката, туку само дека доказите треба да бидат разгледани. 

 

Извор: Huffington Post

loading...