74-годишен прилепчанец со возило излетал од патот – повредени три лица

На 14 април 2025 година, околу 15:50 часот, било пријавено во полициската станица во Велес дека набргу по излезот од Дреново кон Градско, автомобил марка „Фолксваген Голф“ со регистарска ознака од Прилеп, управуван од М.А. (74 години), се исклучил од патот во близина на рампата за автопатот Градско-Велес. Патник во возилото, Љ.А. (70 години), исто така од Прилеп, претрпела сериозни повреди, додека возачот и друг патник, Ц.Б. (65 години), доживеале лесни повреди. Сите повредени лица биле пренесени и прегледани во Општата болница во Велес, каде што им биле констатирани повредите. Полициски тим од Велес извел теренски увид на местото на настанот.

Пронајдете не на следниве мрежи: