Бекам го напушта ЛА Галакси

 

Некогашниот капитен на англиската фудбалска репрезентација, Дејвид Бекам, го напушта тимот на Лос Анџелес Галакси.

Петтогодишната борба во Галакси англиската фудбалска ѕвезда ќе ја заклучи со двобојот од МЛС лигата против Хјустон Динамо. Ќе биде реприза од ланското финале, а Бекам и Галакси ќе имаат прилика да ја одбранат титулата.

„Поминав одлично време во овој тим, но сакам да имам уште еден предизвик пред крајот на својата кариера. Не гледам напуштање на своите обврски со лигата бидејќи амбиција ми е да бидам во водечката структура во иднина“ изјави Бекам за клубскиот веб-сајт на Ла Галакси.

Пронајдете не на следниве мрежи: