5 причини набрзо да го посетите Rio de Janeiro

Rio de Janeiro отсекогаш претставувал една од најпопуларните дестинации во светот. Познатите веќе со децении го ставаат популарниот Cidade Maravilhosa меѓу најомилените места во светот. 

Сега, Rio нуди уште повеќе причини да го посетите, можеби најмногу благодарение на 2 големи спортски настани кои ќе се организираат таму и неколку нови музеи кои се во фаза на изработка. Еве некои од најдобрите причини да го посетите бразилскиот град што е можно побрзо. 

 

1. Растечката колекција на атракции

Популарниот Museu de Arte Contemporanea (Музеј на современа уметност) во Niteroi дефинитивно ќе ви го привлече вниманието доколку сте љубител на оваа област. Дизајниран е од најпознатиот бразилски архитект, Oscar Niemeyer, исто како и футуристичката катедрала на Rio, која изгледа како да полетува кон небото како вселенски брод. 

Неколку нови атракции се веќе во изградба. Museu do Amanha (Музејот на иднината), дизајниран од познатиот шпански архитект Santiago Calatrava треба да се отвори до крајот на 2013 година, а ќе претставува централен дел од проектот Porto Maravilha, каде што исто така ќе биде отворен и нов Museu de Arte do Rio (Музеј на Уметноста на Rio). 

Во 2013 исто така треба да се отвори Museu da Imagem e do Som (Музејот на слика и звук), кој ќе се наоѓа покрај плажата Copacabana. Во областа Barra da Tijuca, објектот Cidade das Artes ќе биде дом на Бразилскиот Симфониски Оркестар, а ќе се отвори исто така наредната година. 

 

2. Големите спортски настани

Светското Првенство во фудбал 2014 година, како и Летните Олимписки Игри во 2016 ќе доведат илјадници љубители на спортот во Rio de Janeiro, но дел од возбудливите содржини се веќе достапни за посетителите. Стадионот Maracana, огромниот фудбалски храм кој оригинално беше изграден за Светското Првенство во 1950-тата година се реновира, а веќе е отворен делот за посетители, каде има информации за тоа како проектот ќе изгледа кога ќе биде завршен, како и историјат за фудбалот како најомилен спорт на Бразилците. 

 

3. Прекрасната бразилска кујна

Без разлика дали барате брза храна на плажа (свежо овошје или бразилското bacalhau) или сакате да веќерате во отмените бразилски ресторани, има многу начини да уживате во бразилската кујна во Rio. 

 

4. Ноќниот живот

Вашата возраст или вкус за музика овде не се важни, бидејќи секогаш ќе успевате да најдете нешто што ќе ви го привлече вниманието во Rio – без разлика дали сакате музика во живо во Rio Scenarium или светски познати DJ-и кои прават неверојатни забави во The Week (огромен клуб кој е преполн секој викенд). Ако имате доволно среќа да влезете во VIP делот од оваа дискотека, може и да добиете бесплатна масажа, или пак третман од стилист кој ќе ви го промени изгледот во самата дискотека. 

 

5. Прекрасните плажи на Rio

Новите клубови и новите музеи се одлични, но на некои работи во Rio никогаш нема да им биде потребна промена. Земете костим за капење и можеби топка за одбојка на плажа, неколку коктели за да се освежите – и упатете се кон Ipanema Beach или Copacabana Beach. Таму ви останува само да уживате. 

 

Пронајдете не на следниве мрежи: