Нина Бадриќ се разведува

Loading...

Пејачката Нина Бадриќ по шест години брачен живот одлучи да се разведе од својот сопруг Бернард Красниќ, со кој пет години претходно се забавуваше.

Како што пренесуваат хрватските медиуми, ѕвездата потребните документи за развод ги поднела уште пред два месеци, а разводот официјално би требало да биде завршен веќе следната недела.

 

Иако Нина Бадриќ (40) не говори за својот приватен живот, сепак на јавноста нејзиниот шест годишен брак со шест години помладиот претприемач и беше и повеќе од добро познат со сите последователни радости и падови.

 

Нина Бадриќ и Бернард Красниќ тајно се венчаа во 2006 година, а веќе три години подоцна во медиумите се појавија шпекулациите за првите кризни моменти во нивниот брак.

 

На почетокот од минатата година, за време на концертот на Џибони, беа видени како страствено се бакнуваат и прегрнуваат, со што и се пласираше информацијата дека сепак среќата им се насмевнала.

 

Бадриќ моментално се наоѓа во Рим, а веќе во четврток ќе го одржи својот концерт во Будва.

 

Преземено од www.tzm.mk

loading...