Европскиот првак Челзи на чекор до елиминација од ЛШ

Актуелниот шампион на Европа, екипата на Челзи, се наоѓа пред елиминација од Лигата на шампиони, уште по првата фаза.

‘Сините’ од Лондон, во средата навечер, загубија во Торино од Јувентус со 3:0. ‘Старата дама’, апсолутно ја заслужи победата, го надигра Челзи во сите елементи на играта и заслужено освои три бода, а победата на Јувентус можеше да биде изразена и со поголема разлика.
Челзи, кој е во очигледен пад на формата, за 90 минути стовори само две шанси, а менаџерот Ди Матео, иако најави дека ќе го нападне противникот, во Торино одигра дефанзивно, што Јуве знаеше да го казни.
Шахтјор е лидер во групата, откако со мали проблеми го победи Нордсјеланд во Данска со 5:2, Луис Адријано постигна ‘хет-трик’.
Во последното коло, само победа на Шахтјор над Јувентус, ќе го одведе Челзи во нокаут фазата.
Валенсија и Баерн одиграа реми 1:1 и благодарение на победата на Лил во Белорусија, против БАТЕ Борисов, овие екипи се веќе во следната рунда. Валенсија на мечот во баварците еден час играше со играч помалку.

Интересно ќе биде во последното коло во групите Г и Х, каде четири екипи со еднаков број на бодови конкурираат за две места кои водат во нокаут рундата.

Во Г групата, Бенфика го победи Селтик и се израмни со шкотскиот тим на табелата, додека во Х групата по седум бодови имаат Галатасарај и Клуж, откако турскиот тим го победи Манчестер Јунајтед, а Романците славеа над Брага.

Група Е:

Нордсјеланд-Шахтјор 2:5
(Нордстранд 24’, Лоренцен 29’-Луис Адријано 26’, 53’, 81’ Вилиан 44’, 50’)

Јувентус-Челзи 3:0
(Кваљарела 38’, Видал 61’, Џовинко 90’)

Табела: Шахтјор 10, Јувентус 9, Челзи 7, Нордсјеланд 1

Група Ф:

БАТЕ Борисов-Лил 0:2
(Сидибе 14’, Бруно 31’)

Валенсија-Баерн Минхен 1:1
(Фегули 77’-Милер 82’)

Табела: Баерн 10, Валенсија 10, БАТЕ 6, Лил 3

Група Г:

Спартак Москва-Барселона 0:3
(Дани Алвеш 16’, Меси 27’,39’)

Бенфика-Селтик 2:1
(Џон 7’, Гарај 71’-Самарас 32’)
Табела: Барселона 12, Селтик 7, Бенфика 7, Спартак 3

Група Х:

Галатасарај-Манчестер Јунајтед 1:0
(Јилмаз 54’)
Клуж-Брага 3:1
(Руи Педро 7’,15’,33’-Алан 17’)
Табела: Манчестер Јунајтед 12, Галатасарај 7, Клуж 7 , Брага 3.

Пронајдете не на следниве мрежи: