Скопјанка купила автомобил па добила уште еден

Пред продажното места Венера во населбата Тафталиџе во Скопје, Државна лотарија на Македонија вчера ги додели клучевите на уште еден среќен добитник, овој пат на премијата Поло во Инстант лотаријата Среќни тркала. 

Весна Димовска од Карпош е најновиот добитник кој се приклучи на нашето големо семејство среќни добитници. Интересна е нејзината приказна. Купиле нов автомобил, па сакале да се почастат кафе. 

Наместо кусур, избрале грепка Среќни тркала. Таа се покажала како навистина среќна, бидејќи покрај новиот автомобил добиле уште еден. 

Овојпат тоа е премијата во Инстант лотаријата Среќни тркала – VW Polo Trendline 1.2 со сите платени давачки, соопштуваат од Државна лотарија.

Преземено од курир.мк

Пронајдете не на следниве мрежи: