Бидете романтични: оваа зима напишете му писмо

Loading...

СМС пораки, мејлови, Facebook chat се одлични начини да се комуницира, но доколку навистина сакате да бидете романтични, напишете му љубовно писмо. Иако оваа навика практично е веќе изумрена, сепак таа има некоја своја магија која чудата на денешната модерна технологија никогаш нема да ја имаат. 

 

1. Ракописот открива многу за вас

Доколу пишувате порака или пак испраќате мејл, тогаш можете да изберете фонт но тој ништо не открива за вас. Вашиот ракопис покажува многу за вашиот карактер, посебности кои остануваат прикриени во дигиталната комуникација, додека малите срциња или смајлиња кои ќе ги нацртате самите се многу подобри од оние електронските. 

2. Писмото е нешто посебно

Секако дека вашиот љубен може да го испринта мејлот кој ќе му го испратите, но многу е подобро ако тој има физички оригинал од тоа кое вие сте му го посветиле. Голем дел од нас на дневна база добива премногу мејлови и пораки, а писмото е реткост. Токму тоа ја прави неговата посебност.

3. Писмото е само за него

Хартијата која ја имате избрано вие самите, размислувајќи за неговата најомилена боја, говори многу повеќе од обична порака, а секогаш можете писмото да го украсите со ваши бакнежи или да го намирисате со неговиот омилен парфем. Доколку секогаш го носи писмото со себе, тогаш бидете сигурни дека многу му значите.

4. Со писмото иницирате романтично однесување

Кога еднаш ќе направите таков романтичен потег, тогаш вашиот љубен сигурно ќе почувствува потреба да направи нешто романтично и за вас. Тоа не би било случај секогаш кога ќе добие порака од вас. Можеби тој ќе би се решил на некаков џентлменски потег па ќе ви подари цвеќе, но доколку продолжите со ваквиот начин на комуникација, тогаш сигурно ќе бидете многу посреќни.

loading...