Северина и Милан се смирија?!

По се изгледа дека се случи невозможното – Северина и Милан се смирија. Откако ја разбрануваа целата јавност со нивното раскинување и прекинување на свршувачката, најпознатиот пар на Балканот реши да ја обнови својата врска. Атрактивната хрвватска пејачка Северина реши да му прости на српскиот крал на бакарот Милан се што тој и згреши и поради кое го остави.

 

Како што веќе знаеме, тешкиот карактер на Милан бил пресуден за нивното раскинување како и фактот дека тој го немал видено својот син неколку месеци. Но откако Северина замина од неговиот живот, работите на Милан не му одеа по нагорна линија, па реши да направи се што може за да ја врати. Северина конечно му прости и тие се повторно заедно.

 

Пријател близок на Милан Поповиќ изјави: “Милан е тежок човек, кој сепак има добро срце и навистина ја сака Северина. Се што пишуваа весницита за Милан и Марија Каран се лаги. Северина му се врати во животот заедно со нивниот син и тоа му е едниствена важна работа на Милан. А за провокации и инает нема да ме чуди ако тој повторно почне да се појавува во јавноста со некои девојки.”

Пронајдете не на следниве мрежи: