Тиери Анри повторно се враќа во Арсенал?

Тренерот на Арсенал, Арсен Венгер одби да ја исклучи можноста од враќање на легендарниот Тиери Анри во Арсенал, со што Анри по трет пат во својата кариера би го носел дресот на топџиите. 

Французинот прв пат го напушти Лондон за да заигра за Барселона во 2007 година, откако постигна 228 голови во 378 натпревари за Арсенал. Според goal.com, напаѓачот повторно ќе тренира со тимот од северен Лондон во декември. 

Шеесетитригодишниот тренер не сакаше да открие дали повторно би ги побарал услугите на Анри, за тој да направи уште една кратка позајмица во клубот, при што би можел да претставува вистински адут од клупата на Арсенал. 

“Анри веќе одржа три тренинзи со нас. Дали ќе го потпишеме во јануари? Не знам – не можам да кажам дека сум сигурен дека нема да се оствари таквото сценарио. Не знам дали тој би бил заинтересиран. Оваа сезона нема да го имаме Жервињо за време на Купот на Африканските Нации, па ќе ни недостасува фудбалер, особено ако го загубиме и Шамак.” – изјавил Венгер за новинарите. 

Арсенал имаше лош старт на сезоната, но се искачија на 6-тото место со 19 освоени бодови, но сеуште се 9 бодови зад лидерот Манчестер Сити, со само 5 победи од 12 натпревари. 

Турнирот во Африка започнува на 19ти јануари, а завршува на 10ти февруари. 

Венгер изјави дека Анри е фудбалер кој би можел да им даде надеж на своите соиграчи и на фановите на Арсенал, па потенцијален договор секако е во комбинација. 

Пронајдете не на следниве мрежи: