Атлетико спрема „БОМБА“: Кавани-Фалкао „убиствен тандем“ во нападот!!!

Едисон Кавани го привлекува вниманието на многу европски фудбалски гиганти, а во трката за голгетерот се вклучи и Атлетико Мадрид, целта е јасна, да се направи неверојатно силниот тандем Фалкао-Кавани.

Уругваецот се поврзува со трансфер во Атлетико Мадрид откако оваа екипа пројави сериозен интерес за ангажман на овој фудбалер.

„Ако Атлетико може да плати 62 милиони евра, нека се изјасни, меѓутоа немало контакти од страна на клубот до овој момент, така да не знаеме дали тие го посакуваат во своите редови Кавани или сепак не го посакуваат“ вели Пјерпаоло Триузли, еден од агентите.

Доколку се оствари овој напаѓачки тандем, би било одлично да се види како тоа ќе функционира на теренот, од друга страна голем број на медиуми ги пренесуваат шпекулациите за тоа дека Фалкао би го напуштил тимот на Атлетико Мадрид, но, самиот Фалкао демантираше за тие пишувања.

Останува да видиме дали Атлетико Мадрид во Кавани гледа како замена за Фалкао, доколку Фалкао го напушти тимот, или пак може да одат до таму да го реализираат овој „убиствен тандем“.

Пронајдете не на следниве мрежи: