Кристиано Роналдо им помага на децата во Палестина

Напаѓачот на Реал Мадрид ја продаде „Златната Копачка“ а сите пари од продажбата им ги подари на децата во Палестина.

Португалецот Кристиано Роналдо е познат по својата хуманост. Овој пат тој ја продаде Златната Копачка, која ја освои во 2011-тата година, како најдобар стрелец во Европа.

Најдобриот стрелец на кралскиот клуб во последните три години на добротворни аукции заработи еден-ипол милион евра на продажбата на „Златната копачка“, истата ја купи анонимен милионер, а сите пари од продажбата Роналдо ги уплати за помош на децата од Палестина.

Инаку Роналдо „Златната Копачка“ ја доби во 2011-тата година благодарение на 40-тите постигнати голови во Шпанската Примера Дивизија.

Пронајдете не на следниве мрежи: