Бенитез го презема Челзи

Само што доживеаја еден шок со (не)очекуваното заминување на Роберто ди Матео, навивачите на Челзи го очекува ново изненадување, директно од Абу Даби во Лондон пристига Рафа Бенитез.

Челниците на Челзи стапија во контакт со менаџерот кој меѓу останатите клубови ги водеше Ливерпул и Интер, а кого навивачите на Стемфорд Бриџ ниту малку не го „мирисаат“.
Бенитез, што е уште полошо за фановите на „сините“, веќе е на пат за Лондон и само чудо може да се случи тој да не го преземе првиот тим.
Роман Абрамович се обиде претпладнево да го доведе Пеп Гвардиола, но тој му порача дека до јуни следната година не размислува за тренерската позиција, туку дека сака да се одмори од фудбалот.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: