Пронајдени нови песни на Тоше Проески

Ова е вест која сигурно ќе ги воодушеви бројните обожаватели на нашата легенда Тоше Проески! Имено Тоше има многу необјавени песни, кои се собираат за неговиот најнов албум.

 

Песните се снимени во студија во различни делови од светот, а наскоро сите тие ќе бидат на новиот албум на Тоше кој повторно ќе биде на англиски јазик. Необјавените песни на Тоше се со љубовна тематика, а една од песните на легендарниот Тоше е снимена на хрватски јазик. 

 

Славен Ристевски, човекот кој е задолжен за музичкото наследство на Тоше соработува со британскиот продуцент Анди Рајт кој во Лондон имал зачувано некои од песните на Тоше. Новиот албум на Тоше би бил втор по ред на англиски јазик.

 

Неговиот прв албум The Hardest Thing издаден во 2009 ни докажа дека Тоше многу лесно ќе успееше и на светската музичка сцена.

 

Се уште не е познато кога ќе биде објавен неговиот албум, но познато е дека песната која тој ја испеал на хрватски јазик, по повод сеќавањето на Тоше ќе биде претставена на 25 јануари на неговиот роденден.

 

Пронајдете не на следниве мрежи: