петок, 13 ноември 2026
Најново

757 тарантули шверцувани во кутии за бисквити

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Филипинската царина на меѓународниот аеродром во Манила заплени 757 тарантули спакувани во кутии за бисквити увезени од Полска.


Полицијата потоа го уапсила и Филипинецот за кого биле наменети егзотичните пајаци. За него, тие биле „колекционерски предмети”.


Филипинските закони за диви животни забрануваат продавање, собирање и поседување такви животни, без неопходните дозволи. Но, и покрај високите парични, па и затворски казни, лани во Манила царината запленила примероци од стотици најразлични видови. Меѓу нив има игуани, камелеони и влекачите наречени брадести змееви.

Поврзани вести