Дневен хороскоп – 22.11.2012

Loading...

Хороскоп за 22.11.2012 – четврток.

 

Овен

Зборувајте отворено за своите чувства и за тоа како сакате да се одвиваат работите. Само така ќе добиете искрена поддршка. Вашата интуиција и способноста да се справите со партнерските односи ќе ви овозможат да завршите еден проект што почнал одамна.

 

Бик

Ќе најдете интересен проект во кој ќе сакате да се вклучите. а вашиот придонес во работите ќе биде добредојден. Кратко службено патување ќе ви донесе одлични резузлтати на работа и ќе ви пружи поголема доверба во работата со која се занимавате.

 

Близанци

Нешто необично со кое се занимавате, ќе привлече многу внимание и ќе биде одлучувачки фактор за вашата иднина. Посветете му се и спорведете го до совршнество со својата прецизност и харизматична презентација.

 

Рак

Можеби не ве воодушевува идејата да се обидете со нешто ново, но бонусот што доаѓа како награда за приспособувањето ќе вио овозможи многу повеќе. Не дозволувајте емоциите да владеат со вашиот ум.

 

Лав

Отпорот на кој ќе наидете ќе ве натера да се запрашате дали ја правите вистинската работа или не. Нема да може да им угодите на сите и вие сте тој што ќе треба да живее со сопствените одлуки. Кога ќе се помирите со овој факт, се ќе стане подобро.

 

Девица

Колку повеќе работи откривате и се приспособувате на некој проект што сакате да го реализирате, толку подобро ќе бидете подготвени за времето кога проектот ќе треба да се реализира. Ставете се под ред и не заборавајте два пати да размислите пред да преземете некоја акција во свои раце. 

 

Вага

Постои можност да трансформирате некое пријателство во уникатна форма на партнерство. Вашите финансии ќе бидат под директно влијание на одлуките што ги носите. Кога ќе бидете пред дилема, размислете кој избор ќе ве ослободи од стресот и притисокот.

 

Скорпија

Оние прашања што не ги одговоривте во минатото се враќаат да ве измачуваат. Стиснете ги забите и направете одлука, бидејќи со одовлкеувањето нема да добиете ништо. Бидете сигурни во себе.

 

Стрелец

Мора да покажете малку возбудување и да ги натерате и другите да учествуваат во вашите планови. Колку подобра атмосфера создадете, толку полесно ќе успеете. Но не ветувајте нешто што не можете да го реализирате.

 

Јарец

Прифатете споредна улога во некој проект и заземете став на чекање и анализирање. Нешто не се одвива на саканиот начин и сигурно не би сакале непријатна ситуација. Не попуштајте на никого само поради чувствата кон него. 

 

Водолија

Максимално ќе ги искористите своите квалитети и таленти за да го добиете тоа што го сакате или за да расчистите стар долг. Не дозволувајте некоја непосакувана личност од минатото да се врати во вашиот живот. Сигурно постои причина зошто е таа во минатото. 

 

Риби

Најдете нов начин да си ја освежите професијата. Анализирајте ги вашите таленти и размислете каде се гледате себе си по неколку години. Ако сто искрени и си ги признаете грешките од минатото, побрзо ќе постигнете напредок.

loading...