Ким Кардашијан засекогаш го напушта своето реално шоу

Раперот Канје Вест, кој воедно е и партнерот на Ким Кардашијан успева да ја убеди да се откаже засекогаш од реалното шоу Keeping up with the Kardashians, шоу кое воедно и ја прослави оваа девојка.

 

Како што пренесуваат странските медиуми, тој барал од неа да ја насочи својата кариера во друг правец. 

Ѕвездата на реалното шоу, Ким Кардашијан можеби засекогаш ќе престане со појавување во емисиите од таков вид. 

Како што пренесуваат медиумите, нејзиниот дечко Канје Вест во последно време ја притиска убавицата да се занимава со 'вистинска' работа.

Раперот се плаши дека доколку таа продолжи да се појавува во вакви реалити шоуа, ќе открива се повеќе детали околу нивниот приватен живот, а сето тоа може негативно да влијае врз неговиот имиџ.

Ким во моментов сериозно ја размислува таа идеја, но се плаши како ќе реагира нејзината мајка Крис Џенер која воедно е нејзин менаџер.

 

Во нетрпение сме да видиме дали Ким ќе не изненади. Неколку пати во јавноста таа изјави дека би направила се за да го задржи нејзиното сегашно момче.

 

Дали таа би жртвувала се за нејзината љубов останува да видиме…

 

Пронајдете не на следниве мрежи: