Бенитез: Навивачите се секогаш со тренерот кој победува

Рафа Бенитез не се навраќа премногу на лошиот однос со навивачите на Челзи, напротив, тој вели дека се ќе биде во ред во екипата на Челзи, односот на релација Бенитез-навивачи ќе биде на ниво.

Бенитез пристигна во Англија од Дубаи каде беше гостин на еден семинар за тренери.

Навивачите на Челзи реагираа на веста околу неговото поставување околу критиките, но Шпанецот не обрнуваше премногу внимание на таа тема.

„Не ме загрижува тоа, воопшто, напротив, тоа ќе го сменам, ќе ги придобијам. Навивачите се секогаш со тренерот кој победува“ изјави Бенитез.

Пронајдете не на следниве мрежи: