Фото: Се продава Ферарито на Роналдо за 50 000 евра

Ферари ГТБ Фиорано Ф1, со кое Кристиано Роналдо во 2009-тата година имаше сообраќајна незгода е понудено на продажба преку интернет, цената изнесува 50 000 евра.

Автомобилот има поминато само 3099 километри, и според известувањата на порталот Автоплус.фр , поправка на самото возило би чинела околу 250 000 евра.

Возилото на продажба го стави трговец со авто делови од Дапигејм. Освен фотографијата од автомобилот, на еБај се приложени и фотографии од документите кои докажаа дека сопственик на ова возило бил Кристиано Роналдо.

Пронајдете не на следниве мрежи: