Пато си заминува од Милан, ПСЖ на потег?

Агентот на Алесандро Пато изјави дека во текот на неделава ќе допатува во Италија да разговара со челниците на Милан околу иднината на Пато.

Алесандро Пато најави дека планира да го напушти тимот на Милан.

Таквата одлука не беше очекувана во моментот кога бразилецот се опорави од повредата и за него требаше да следи враќање во вистинската форма но се чини дека целиот процес нема да се одвива на Сан Сиро.

Неговиот агент потврди дека до крајот на неделата ќе разговара со челниците на Милан на тема околу иднината на Алесандро Пато.

„Алесандро сигурно има свои причини за тоа што го кажа. Сакам подобро да се запознаам со ситуацијата. Доаѓам во Милано за да разговарам со челниците на Милан и потоа ќе бидат познати нашите постапки“ изјави Жилмар Велос.

Пато уште во текот на претходната сезона беше поврзуван со екипата на ПСЖ и останува да се види дали бразилецот сеуште има можност за таков трансфер.

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

Пронајдете не на следниве мрежи: