Дневен хороскоп – 23.11.2012

Loading...

 

Хороскоп за 23.11.2012 – петок

 

Овен

Сметате дека сите проблеми што ви се насобрале треба одеднаш да ги решите. Многу сте напнати, нервозни и незадоволни од постигнатото. Односите со блиските луѓе ви се напнати и ќе имате недоразбирања. Можни се проблеми на работното место. Бидете коректни и само така ќе ги избегнете судирите.

 

Бик

Денеска не е вистинскиот момент да преземете иницијатива. Ви се наметнуваат ограничувања и намалени ви се можностите за дејствување. Успешно и навремено ќе ги извршувате секојдневните обврски. Финансиската состојба не ви е поволна. Со партнерот ќе ја подобрите комуникацијата и ќе го зацврстите односот. 

 

Близанци

Во односите со соработниците дејствувате критично, но многу сте конструктивни. Ваквата политика ќе ги диктира и понатамошните настани. Соработниците ќе сфатат дека сте во право. Партнерот поминува низ некаква криза, затоа помогнете му. Внимавајте на вашето здравје и слушајте ги советите од вашиот доктор.

 

Рак

Ви треба време за да бидете малку сам со вашите мисли. Сите проекти и планови сакате да ги планирате во тишина. Но мора да бидете поактивни. Изолацијата е само одбранбен механизам – не верувате доволно во себе и затоа сакате да се повлечете. Блиските пријатели ќе ви помогнат.

 

Лав

Не сте доволно искрени. Бидете искрени кон пријателите, и само така ќе успеете во животот. Ве очекува напорен ден. Можни се проблеми со здравјето ако не се грижите доволно за себе. Не си поставувајте преголеми цели, здравјето е поважно! Релаксирајте се со некоја уметност.

 

Девица

Очекувајте одлични успеси во работата. Со вашиот оптимизам ќе можете да постигнете се што ќе посакате. Имате вишок енергија и најдобро е таа да ја посветите кон нови потфати. Во љубовта сте нежни и романтични. Партнерот ви се посветува максимално, како и вие на него. Подобрете го вашето здравје уште повеќе со движење во природа.

 

Вага

Вашите работно-финансиски цели ги ставате над сите други интереси, па затоа очекувајте најразлични реакции. Важно е правилно да ја оцените ситуацијата за да можете полесно и поефикасно да ја завршите работата. Партнерот има повеќе проблеми од што знаете. Бидете тука за него. Не дозволувајте да ви се намали здравјето, бидете поактивни!

 

Скорпија

Ова ве вистинско време да ја зацрвстите вашата работна позиција, односно да стекнете нова. Во љубовта не ве очекува ништо ново со партнерот, но оние што се слободни можат да се најдат во интересна, несекојдневна ситуација која многу ветува. Бидете внимателни при донесувањето заклучоци и претпазливи при однесувањето.

 

Стрелец

Ќе оставрите професионален успех, што позитивно ќе се рефлектира и врз вашиот приватен живот. Ве очекуваат интересни настани поврзани со уметноста. Вашата глума ќе ја познаат луѓето што ве опкружуваат, па ќе мора да се соочите со нив. Бидете поколегијални и спремни за тимска работа. Конзумирајте повеќе течности

 

Јарец

Не дозволувајте да бидете попречени во работата или измамени со погрешни приказни. Размислувајте сериозно и одбирајте само соработници со кои имате слични идеи и интереси. Не им се спротиставувајте на блиските личности, и не ги прекршувајте правилата во заедничкиот живот. Ослободете се од лошите мисли и лошите навики.

 

Водолија

Не го трошете вашиот талент на глупости – насочете ја вашата моќ на забележување кон работата. Ќе ви биде понудена шанса да се докажете на вербален начин. Немојте да дозволите тремата да го направи своето, наместо тоа, искористете го вашиот потенцијал. Пријателите ќе ви помогнат да функционирате подобро. Нервозата ќе биде околу вас целиот ден.

 

Риби

Одличен ден, патувања, слобода, независност. Опкружени сте со среќни лица насекаде, кои го прават денот полесен за издржување. Вашите соработници конечно ќе го препознаат целиот напор што го вложувате на работното место, па може и да ве наградат. Партнерот, како и секогаш, ви е максимално лојален и тука е за вас. Единствено посвете се повеќе на здравиот живот.

loading...