Хаос во куќата на Хали Бери – се степале сегашното и поранешното момче

Денот на Благодарноста не прошол баш најдобро во куќата на Хали Бери, а некои би го нарекле и вистинска катастрофа. Имено, на прославата избила тепачка меѓу нејзиното бившо момче, Габриел Обри, и сегашното – Оливие Мартинез. 

Обри, кој ја започнал тепачката, е уапсен, а двајцата завршиле во болница. На Обри му било скршено ребро, а имал и повреди на лицето, додека Мартинез завршил со скршена рака и повреди на вратот. 

Се верува дека до тепачката дошло затоа што Хали Бери се обидела да ја одведе својата ќерка во Франција, а тоа не му се допаднало на Обри, па како последица се случил вистински циркуз во нејзиниот дом. 

Пронајдете не на следниве мрежи: