Снежна убавица: Хајди Клум во зимски едиторијал

Loading...

Италијанското списание Amica направи вистински потег кога ја ангажираше заносната Хајди Клум за своето зимско издание. 

 

Раскошната убавица во овој гламурозен едиторијал изгледаше како снежна кралица, која позира покрај санти на мраз и вештачки снег.

 

На овие фотографии Хајди Клум ги претстави најновите креации на славните светски дизајнери. Таа се појавува во златен фустан од Ралф Лорен, сребрено кратко фустанче од Блумарин, портокалова тоалета од Армани, црно-бел комплет од Роберто Кавали, црна тоалета од Гучи и чипкаста креација со потписот на Салваторе Фергамо.

 

Во новиот едиторијал на ова списание Хајди Клум ја претставува високата мода во светот.

 

Гламурозните фотографии ги направи фотографот Рувен Афанадор.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Извор: www.index.hr

 

 

 

 

 

 

 

 

loading...