Фото: Погреб на сцена на модна ревија

Вчера беше првата вечер на Dreft Fashion Week во Загреб, Хрватска. Вечерта ја отвори хрватскиот дизајнер Тони Рико и приреди неверојатно шоу, кое повеќе наликуваше на театарска претстава, отколку на обичен cat walk.

На пистата се појави манекенка со растечена шминка од плачење, која го буткаше ковчегот на својот “штотуку венчан сопруг”. Манекенот во ковчегот беше облечен во најновата колекција на Рико, беше одлично нашминкан и навистина потсеќаше на мртовец. Уште првата вечер на модната недела можеше да се види се: девојка што плаче, мртовец, погреб, свеќи…

Дефинитивно инвентивен начин да се привлече внимание кон себе и својата колекција, но дали со ова ќе се согласи јавноста и низ какви се критики ќе помине Тони Рико за овој настан, останува да видиме…

Пронајдете не на следниве мрежи: