Зошто Манчестер Сити испадна од Лигата на шампиони?

Клуб кој вреди околу половина милијарда евра, во средата, испадна од Лигата на шампиони.

Актуелниот англиски првак, Манчестер Сити, очигледно е маѓепсан кога станува збор за натпреварите во Европа. Четата на Роберто Манчини во пет натпревари имаат скор од три нерешени и два порази, со што се убедливо последни во Д групата.
Некои можеби ќе речат дека тоа ‘група на смртта’ (Реал, Дортмунд и Ајакс), но екипа во која се вложени 500 милиони евра сигурно не е собрана за да му гледа во грб на Ајакс.
Сити и минатата сезона испадна од Лигата на шампиони, но тогаш во група со Баерн, Наполи и Виљареал имаа нешто подобар скор – три победи, реми и два порази. ESPN, во текстот под наслов ’10 причини зошто Сити испадна од Лигата на шампиони’ понуди одговор зошто веќе две години трае проклетството на Манчестер Сити во ЛШ.
Преоден рок:
„Ни требаат играчи кои ќе ја унапреднат нашата игра“, рече Манчини по ремито со Реал. Англиските новинари не можеа да поверуваат, бидејќи Сити беше активен во летниот преоден рок. Иако од таргетираните Даниеле Де Роси, Хави Мартинез, Даниел Агер и Робин ван Перси, во клубот дојдоа ‘само’ Маикон, Матија Настасиќ и Хави Гарсија, но и Скот Синклер, Џек Родвел и голманот Ричард Рајт. Забележливо е дека во летниот преоден рок не во Сити не дојде ниту еден играч кој беше желба на Манчини.
Жрепка:
Групата со шампионите на Шпанија, Германија и Холандија, во ниту еден случај, не е група на која треба да и се радувате, исклучок е да сте навивач или маркетинг агент.
„Сити сеуште не и се прилагодил на Лигата на шампиони, а судбината им ги додели Реал, Дортмунд и Ајакс. Сити сеуште не е подготвен за најтешки европски предизвици“, смета ESPN.
Последните четири минути во Мадрид:
Коларов во Мадрид, за време на првиот меч помеѓу Реал и Сити, погоди во 85-та минута, за водство од 2:1, но потоа Реал постигна два гола и победи. Кој знае што ќе се случеше доколку Сити победеше на ‘Сантијаго Бернабеу’“, се прашува ESPN.
Холанѓаните, два пати:
„Ајакс пред почетокот на натпреварите важеше за тотален аутсајдер, екипа која нема што да бара во конкуренција на екипите од Германија, Шпанија и Англија. Сепак, Ајакс во два натпревари со Сити освои четири од можните шест бодови“, стои во текстот.
Тактичките замисли на тренерот:
„Инсистирањето на Манчини да игра во формација 3-5-2 не наиде на плодна почва. Таков тим може да функционира против Тотенхем, но во двобојот со Ајакс ја видовме вистинската немоќ на ‘граѓаните’, додека во мечот со Реал трупите на Мурињо ја минуваа одбраната на Сити како од шега. И додека Манчини смета дека играчи од светски калибар треба да знаат да се прилагодат на секоја формација, очигледно е дека на Манчестер Сити најповеќе му одговара формацијата 4-4-2“, тврди ESPN.
Проблеми во одбраната:
„Кога Бензема ја погоди мрежата на ‘Итихад’, беше јасно дека згреши Маикон, и додека Сити, во Премиер лигата, има одбрана која може да одговори на сите предизвици, ситуацијата во Европа е сосема поинаква. Ајакс од прекини постигна три гола, а зонската одбрана на Манчини не даде резултат ниту против Борусија“.
Недостиг на дефанзивен играч во редот за врска:
„Откако Најџел де Јонг, го напушти Сити, Мачнини на позицијата дефанзивен играч во редот за врска користеше четворица фудбалери, но ниту еден не задоволи со својата игра. Само белградски Партизан има толку закани кон сопствениот гол, затоа е очигледно е дека им недостига вистинска заштита в редот за врска“.
Рамнотежа во играта:
„Во минатото, Манчини го обвинуваа дека игра премногу дефанзивно, додека сега му префлаат дека игра премногу офанзивно. Можеби е време да најде некој баланс“.
Чудна селекција на играчи:
„Манчини во средата, во последните минути, од играта го повлече Агуеро, а на терен го испрати Џејмс Милнер. Един Џеко, џокерот од клупата во Премиер лигата, игра од почеток во Лигата на шампиони. Можеби Карлос Тевез е вистинското решение“.
Повреди:
„Од почетокот на сезоната во Премиер лигата, играчите на Манчестер Сити беа во одлична здравствена состојба, но во Лигата на шампиони немаа таква среќа. Агуеро ги пропушти воведните натпревари, потоа настрада Насри, па Пабло Забалета, Гаел Клиши, Хави Гарсија. Сепак и другите тимови имаа слични проблеми…“, пишува во својата анализа ESPN.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: