Најдобриот играч на ` Football Manager ` стана тренер на Баку

Вугар Гулоганоглу Хусеинзаде (21) е името што ќе остане запишано со златни букви во историјата на култната компјутерската игра “Football Manager”, затоа што благодарение на неа стана вистински тренер на Баку.

Младиот Азербејџанец ја заслужи довербата на водството на Баку да го изведе клубот од зоната на испаѓање во прва лига, иако нема никакво тренерско искуство, освен она од компјутерската игра.
Хусеинзаде не само што стана тренер на прволигашкиот клуб во нежните посттинејџерски години, туку во таа трка го победи легендарниот европски фудбалер Жан Пјер Папен, голгетер од почетокот на 90-тите, кој владееше со казнените простори на терен.
Сепак, тој не можеше против Азер, на кого Папен може да му биде татко, но сигурно не би го победил во  Football Manager.
Јунакот на сите `тренери` кои напнато ги следат точките кои играат за нив на компјутерските екрани, веднаш стекна светска слава, но не изгледа импресиониран.
„Никогаш не сум бил фудбалски тренер во вистинскиот свет, но тоа отсекогаш сум го посакувал, затоа што од 2002 година непрекинато и со голем успех играм Football Manager, вели Хусеинзаде
Откако ја доби довербата од Баку, веднаш си постави амбициозна цел – пласман во Лигата Европа во следните три години, За почеток ќе му треба, што би рекле во менаџерот “stay clear of relegation”.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: