Хјуз замина, Реднап нов тренер на КПР

Челниците на Квин Парк Ренџерс (КПР), решија да му врачат отказ на менаџерот Марк Хјуз и на негово место да го донесат Хари Реднап.

Хјуз заминува поради серијата на лоши резултати, КПР по 12 одиграни натпревари оваа сезона во Премиер лигата е единствениот тим без победа и со само четири освоени бода е закован за дното на табелата.
КПР во последното коло загуби на домашен терен до Саутемптон со 1:3. Марк Хјуз менаџер на ’полицајците’ беше 10 месеци.
Реднап, чие име се поврзуваше и со репрезентацијата на Украина, ќе има тешка задача да избори опстанок оваа сезона.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: